Американската вселенска агенција NASA се здружува со лига на големи сектори кои го искористуваат потенцијалот на метаверзумот. Целта на NASA е да има VR симулации на истражување на Марс.
Интересот за колонизација на Марс расте, SpaceX е се поблиску до испраќање луѓе на Црвената планета, но NASA исто така работи на тоа подобро да ги подготви астронаутите да останат на Марс. Минатата година се зборуваше дека NASA сака луѓето да поминуваат време во „марсовско живеалиште“ создадено на Земјата за да дознаат за ефектите од продолжениот престој во вонземски средини, меѓутоа, со оглед на фактот дека не можат да се направат сите симулации во реалниот живот, вселенската агенција се свртува кон метаверс.
Затоа, NASA создаде пет категории на симулации на Марс, и тоа Set Up Camp, Scientific Research, Maintenance, Exploration и Blow Our Minds. Како што сугерира името, последното сценарио е фокусирано на креативноста и може да се користи за дизајнирање на најбизарните и најимагинативните сценарија.
Пријавите мора да се направат во рок од 80 дена, а има до четири награди за секоја категорија. Предизвикот е отворен за секој што сака да учествува. Користејќи Unreal Engine 5, програмерите ќе се обидат да ги изградат своите искуства за да се користат во рамките на системот на NASA – Mars XR Operations Support System. Оваа средина веќе има свет со терен на Марс, реално време, циклуси ден-ноќ, марсовска гравитација и други содржини како вселенски одела и ровери.
На постоечката платформа ќе се градат уникатни искуства, а на предизвикот веќе се приклучија повеќе од 150 тимови од целиот свет.