Жирито од шест земји дисквалификувано поради неправилности во гласањето на Евросонг

пред 3 години

Организаторот на Евросонг соопшти дека поради неправилности во гласањето ги дисквалификува гласовите од жирито на шест земји и тоа Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино. Европска радиодифузна унија (ЕБУ) објави официјално соопштение по финалето и откри дека гласовите од жирито во овие држави нема да се пресметраат во вкупниот резултат.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„Со анализа на гласовите на жирито по втората проба и второто полуфинале на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, ЕБУ идентификуваше неточни обрасци на гласање во резултатите на шест земји. Со цел сè да биде во согласност со насоките за гласање, ЕБУ, во соработка со независен партнер за гласање, пресмета оценки и ги искористи како замена за гласовите на секоја спорна земја и за второто полуфинале и за финалето“, пишува во официјалното соопштение.

Оттаму објаснија дека гласовите што ги дале ги пресметале врз основа на резултатите од други земји кои биле со слични гласови.

За потсетување, на Евросонг победи Украина со песната Stefania и тоа предизвика поделени реакции во јавноста. Македонија не се пласираше во финалето, а во втората полуфинална вечер Андреа заврши на 11 место.

Share
Scroll to Top