Каевски: Да не се одолговлекува, да се донесат 30 закони кои чекаат во Собранието

пред 3 години

Откако неуспешните блокади проападнаа, редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги закажат седниците на Комисиите на кои кочат важни закони за граѓаните, порача на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Каевски пред новинарите изјави дека одолговлекувањето не носи ништо, никој не добива, а граѓаните чекаат.

„Да не се одoлговлекува туку веднаш да се закаже Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се усвојат измените со кои на над 17.000 тутунари ќе им се исплатат над една милијарда и триста милиони денари субвенции.

Да не се одoлговлекува туку да се донесе Законот со кој се обезбедуваат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност ид 30 kw. На среде економска и енергетска криза.

Да не се одолговлекува туку да се донесе Законот за намалување на прагот на ДДВ за регистрација на фирми, што е многу важно за компаниите.

Да не се одолговлекува туку да донесат 30-тина закони за намалување на казните, односно усогласување со Законот за прекршоци“ рече Каевски.

Како што додаде, народот не сака блокади а во време на најголема економска и енегетска криза и обидите за вешташко создавање криза е недоговорно.