Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус во Торино. На вечерашниот меч против Лацио, тој се збогува од публиката на која ѝ носеше многу радости во изминатите години. На крајот не можеше да се воздржи и заплака.
Не помогна ниту охрабрувањето од Бонучи. За потсетување, Дибала не успеа да се договори со Јувентус за продолжување на соработката. Покрај него, од клубот се прости и капитенот Џорџо Ќјелини. Тој натпреварот со Лацио го напушти во 17 минута, додека Дибала излезе во 78.
Дибала во Јувентус дојде во 2015 година од Палермо. Претходно играше за аргентинскиот клуб Институто. Во изминатите седум сезони тој беше еден од лидерите во италијанскиот клуб. За Јувентус тој одигра 291 натпревар и постигна 115 голови.
Јувентус последниот натпревар против Лацио го одигра нерешено 1:1. За Јунветус погоди Душан Влаховиќ
Paulo Dybala was moved to tears after playing his last match at the Allianz Stadium ? pic.twitter.com/orheJPClvQ
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 16, 2022