Колумнист на Си-Ен-Ен: Турција нема да блокира, ќе биде исфрлена од НАТО

пред 3 години

Финска и Шведска сакаат да влезат во НАТО, а Турција е против тоа, па е можно да биде исфрлена од НАТО, вели колумнистот на Си-Ен-Ен, Дејвид Анделман. Тој додава дека веќе имало многу размислувања за нејзино исфрлање од Алијансата, особено откако турскиот претседател пред три години купил руски системи за противвоздушна одбрана С-400.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во исто време, тој вели дека таквиот потег може да ја ослаби позицијата на НАТО во стратешки важен регион, пренесе РИА Новости.

„ Малкумина сакаат да ризикуваат да ја загубат најголемата постојана армија по САД од НАТО, особено онаа што го контролира стратешкиот Босфор и има пристап до Црното Море“, истакна новинарот на Си-Ен-Ен.

Од друга страна, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, вели дека не верува оти Турција ќе го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО и покрај изјавата на турскиот претседател.

За влез на Финска и Шведска во НАТО мора да се даде согласност од секоја од 30-те земји членки на алијансата. И Ердоган ги прекорува двете нордиски земји дека покажале попустливост кон курдските бунтовници на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација.