Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

пред 3 години

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, смета дека честите извештаи за поставени бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи земјата не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. Овие извештаи за бомбите се и притисоци од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми.

За потсетување, околу стотина училишта во Белград вчера беа евакуирани по дојавите за бомби кои се покажаа како лажни. Дојава била испратена и до аеродромот во Ниш, а во последните денови и до трговски центри, железничката станица во Нов Белград и двапати до зоолошката градина.

Серијата дојави за поставени бомби започна во март, прво со авиокомпанијата Ер Србија, која продолжи да лета на линијата Москва-Белград по почетокот на руската инвазија на Украина. Украина тогаш ја обвини Србија за профитерство поради зголемениот број летови за Русија за време на западните санкции против таа земја.

Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека невоведувањето санкции кон Русија се покажало исклучително скапо, бидејќи главното прашање за инвеститорите е зошто Србија сè уште не го сторила тоа. Според неа, тоа дополнително го забавува понатамошниот раст на земјата.

И други српски функционери гледаат на честите извештаи за бомби, како дел од специјалната, психолошка војна против Србија, чија цел е, како што велат, да ги заплаши луѓето, да ги наруши секојдневните рутини и да создаде нестабилност.

Share
Scroll to Top