Андерсон: НАТО ќе биде посилен со Шведска и Финска

пред 3 години

Целосната руска агресија против Украина доведе до пресвртница за Шведска да одлучи да аплицира за членство во НАТО, изјави шведската премиерка Магдалена Андерсон (Андерсон) во Роуз Гарден.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Мојата влада дојде до заклучок дека безбедноста на шведскиот народ најдобро ќе биде заштитена во рамките на НАТО, а тоа е поддржано со многу широка поддршка во шведскиот парламент“, рече Андерсон, стоејќи до американскиот претседател Џо Бајден и финскиот претседател.

Таа посочи дека НАТО ќе биде посилен со Шведска и Финска како членки.

– Ние сме обезбедувачи на безбедност со софистицирани одбранбени способности. А ние сме шампиони на слободата, демократијата и човековите права. Имаме долга традиција на обемна воена соработка со НАТО, вклучувајќи ги сите мисии. И токму сега ги зголемуваме трошоците за одбрана и што поскоро ќе достигнеме 2 отсто од БДП – додаде таа.

Андерсон ја нарече фундаментална поддршката на САД за членството на Шведска во НАТО, но рече дека со нетрпение очекува дијалог со Турција за да ги реши нејзините грижи, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top