Според наводите на реномираниот дојавувач Еван Блас (@evleaks), долгоочекуваните премиум смартфони од Huawei Mate 40 серијата глобално ќе дебитираат на 22. октомври.
Се очекува дека Mate 40 серијата ќе ја сочинуваат вкупно четири модели, вклучувајќи ги Huawei Mate 40, Mate 40 Pro, Mate 40 Pro+ и Porsche Design.
Моментно не се познати премногу детали за серијата, но засновано на претходните гласини се сугерира дека Mate 40 уредите ќе го користат новиот HiSilicon Kirin 9000 чипсет, што би можел да биде последен премиум чип дизајниран од Huawei HiSilicon, поради актуелните санкции на САД.
Покрај тоа, сертификацискиот листинг од Кина сугерира дека телефоните од Mate 40 серијата ќе поддржуваат 66W брзо полнење. Кога е во прашање дизајнот, се очекуваат закривени панели и кружен модел за камерите на задната страна.