Петков бара да се свика Советот за национална безбедност поради преговорите со Македонија

пред 3 години

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата со преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Премиерот нагласил дека бугарската влада нема да направи ништо без широк национален консензус, во согласност со коалицискиот договор.

„Во консултативниот совет за национална безбедност треба да учествуваат сите партии, сите служби и претседателската институција. МНР ќе поднесе извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија. За овој извештај следната недела ќе се расправа на редовниот коалициски совет“, истакнал Петков.

Бугарскиот премиер нагласи дека Владата нема да направи ништо врз основа на надворешен притисок и пред целосно разбирање на ниво на коалициски совет, длабока дискусија во Консултативниот совет за национална безбедност и јасен и потврден став на највисокото тело во бугарскиот парламент.

„Само Народното собрание го има конечниот легитимен мандат на тема Северна Македонија и тоа мора да биде апсолутно јасно на целото бугарско општество и на нашите надворешни партнери“, заклучи Петков.