Доусет најбрз на осмата етапа

Доусет најбрз на осмата етапа

пред 4 години

Британскиот велосипедист Алекс Доусет победи на осмата етапа на Џиро Италија. Етапата долга 200 километри се возеше од Џовинаци до Вјесет. 32 годишниот Британец целта ја мина со предност од 75 секунди во однос на Салваторе Пучи од тимот Инеос.

Победата на Доусет е прва за Израел Старт-Уп тимот на некоја од гран-при трките. За оваа екипа од наредната сезона ќе вози и неговиот сонардоник Крис Фрум.

Покрај победата на Доусет денот го обележа и откажувањето на Симон Јејтс кој е позитивен на вирусот Ковид-19.

Розевата маичка и по оваа етапа ќе ја носи Жоао Алмеида.

Утре на Трката околу Италија се вози планинската етапа долга 207 километри од Сан Саво до Рокарас.

Share
Scroll to Top