Јутуб отстрани повеќе од 9.000 канали поврзани со војната во Украина

пред 3 години

Јутуб отстрани повеќе од 70.000 видеа и 9.000 канали поврзани со војната во Украина поради прекршување на упатствата за содржина, а меѓу нив има и видеа во кои инвазијата е опишана како ослободителна мисија, објавија медиумите во светот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Анализираат дека Јутуб е многу популарен во Русија, каде што, за разлика од некои други американски платформи, не е забранет, и покрај тоа што беше домаќин на содржината на опозициските личности како Алексеј Навални.

Од почетокот на конфликтот во февруари, Јутуб ги отстрани каналите, вклучувајќи го и каналот на новинарот Владимир Соловјов, пишува Гардијан.

Каналите поврзани со руското Министерство за одбрана и Министерството за надворешни работи, исто така, беа привремено суспендирани во последните месеци поради опишување на војната како ослободителна мисија, се додава во новинарските написи.