Со транспарент на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тие од прес салата на Собранието посочија: „Ароганцијата и забеганоста немаат нација. Но и имаат име и презиме“. На останатите транспаренти пишуваше и: „Сите што позади седат, ех маму ви е**м“, „Сите од службата, конкретно седници, одма кај мене“. Ова всушност се зборовите на Џафери кои се слушаат на објавената снимка, а кажани по 71. седница во Собранието, кога микрофонот во салата требаше да биде исклучен.
„Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието не само што не се извини за неговото безобразно однесување кон вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крјано недозволиво е од човекот кој прв го потпишал Етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност, а со пратениците од власта да се обидуваат да го сокријат под тепих овој скандал“, порача пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека најмалку што можел Џафери да направи е да се извини и да поднесе оставка од функцијата.
„Сакаме да му порачаме дека колку и да бега од одговорност, дамката која ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетиме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели кои го имало Собранието“, додаде таа.
ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.
„Доколку Џафери не поднесе оставка, ќе даде до знаење на сите пратеници дека Етичкиот кодекс на кој сите заедно работевме, повеќе не важи во овој законодавен дом“, кажа Стојановска.