Концертот на „Дајте музика“ кој беше закажан за 27 ми месецов се презакажува за на 18 јуни, сабота на стадионот на АРМ во Скопје, причината за поместување на датумите се лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, велат од Авалон Продукција.
„Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни, сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје. Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на Тиесто. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен“, соопштија од „Авалон“.
Од Авалон информираат дека сите кои набавиле влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.