Motorola официјално потврди дека развојот на смартфонот на склопување Razr 3 е во тек, а сега на социјалните мрежи се појави ново видео кое го претставува првиот детален увид во дизајнот на овој уред.
Моторола Razr 3 ќе биде првиот вистински flagship во семејството и ќе биде придвижуван од процесор Snapdragon 8+ Gen 1. Новото видео или GIF го открива изгледот на уредот, а се чини дека дизајнот е значително променет во однос на првиот Razr од 2019 година и Razr 5G од 2020 година.
Hello, Maven. pic.twitter.com/xV7SbQYzrx
— Ev (@evleaks) May 24, 2022
Новиот модел нема „брада“ на долниот дел и сега е повеќе сличен на моделите Flip на Samsung од претходните модели на Razr. Исто така, има две главни камери и селфи камера сместена во перфориран исечок на внатрешниот преклопен екран кој воопшто нема набори на местото на преклопување.
Сензорот за отпечатоци е интегриран во странично позиционираното копче „power“, а традиционалниот надворешен дисплеј на Razr сè уште е присутен.
Споменатото видео / GIF открива толку, но нема да биде изненадување доколку во наредните недели пред официјалното претставување се појават нови детали за уредот.