Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк во завршна фаза – се асфалтираат патеките позади Луна парк

пред 2 години

Екипите на Градот Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со активности за реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На терен деновиве се асфалтираат пешачките патеки позади Луна паркот. Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од околу 710 квадратни метри.

Реконструкцијата на пешачаките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани 7500 квадратни метри. Најголемиот дел од патеките веќе се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.

Share
Scroll to Top