Џои Гарсија, сопругот на една од наставничките кои беа убиени во масовното пукање во Тексас почина од срцев удар. Џои ѝ беше сопруг на Ирма Гарсија, која 23 години предаваше во основното училиште Роб во Увалде.
Таа беше една од двете наставнички кои беа убиени од вооружениот тинејџер и средношколец Салвадор Рамос. Рамос уби и 19 ученици. Џои и Ирма беа во брак 24 години, а имаа четири деца.
На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари.
„Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија.
На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага.
По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полицијата како ги држела децата во прегратка до последниот здив.