Пита со тиквички и спанаќ

Пита со тиквички и спанаќ

пред 2 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

3 јајца

1 лажичка сол

2 тиквички

300 гр спанаќ

100 гр фета сирење

59 гр путер

10 лажици брашно

250 мл јогурт

1 пециво

Подготовка:

Ги рендаме на крупно тиквичките, ги посолуваме и ги оставаме да пуштат течност. Спанаќот го миеме и ситно го сецкаме.

Путеротна тивко го топиме.

Трите јајца и 1 лажичка сол матиме кратко со миксер. Го додаваме фета сирењето и пак матиме со миксерот. Сега ги додаваме тиквичките исцедени од течноста што ја пуштиле, го додаваме спанаќот,стопениот путер,брашното измешано заедно со 1 пециво, и на крај го додаваме јогуртот. Матиме со миксерот на слаба брзина. Смесата ја ставме во плех( бр .26 округол плех),кој претходно сме го намастиле со масло и дното и страните. Ја поросуваме питата со сусам. Се пече околу 35 минути на 180 степени.

Share
Scroll to Top