Трубачот Џамбо Агушев третпат стана татко, а неговата сопруга Асена роди женско дете. Џамбо преку социјалните мрежи откри дека сопругата се породила, но и дека овој пат тој присуствувал на раѓањето на бебето.
„Добредодје, моја мила ќерко Алина“, напиша тој на „Фејсбук“.
Алина е трето дете на Џамбо и Асена, кои се во брак повеќе од десет години. Тие ги имаат и ќерката Севги и синот Мерт.
Џамбо, кој свири повеќе од 30 години, во интервју за „Репортер“ неодамна ни раскажа дека сопругата ја запознал на концерт во Германија.
„Додека свирев ја видов во прв ред, убава и плава, играше, па почнав да ѝ намигнувам. После концертот ѝ побарав број и така тргна сè“, ни кажа Џамбо.