Авион со 22 лица се урна во Непал, армијата го лоцираше местото на несреќата

пред 2 години

Непалската армија соопшти дека го лоцирала местото на падот на авионот кој исчезна вчера, а во кој имало 22 лица.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Тимовите за пребарување и спасување го лоцираа местото на несреќата – портпаролот на авионот Нарајан Силвал на Твитер, објавувајќи слика на која се гледа бројот на опашката на авионот.

Како што беше претходно објавено, во неделата во Непал исчезна авион на приватна компанија со 22 лица.

Малиот авион летал од туристичкиот град Похара, на околу 200 километри северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на околу 80 километри северозападно.

Во Непал, земјата со највисоката планина во светот, променливи временски услови и аеродроми на тешки планински локации, авионските несреќи се вообичаени, пренесуваат светските агенции.

Share
Scroll to Top