Ковачевски: Забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард се владини приоритети на среден рок

пред 3 години

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на меѓународната конференција „Економски финансиски форум“, организирана од Министерството за финансии, одржа средба со потпретседателката на Светската Банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата во фокус на дискусијата биле енергетиката и земјоделството како клучни сектори во услови на глобална енергетска криза.

Премиерот ја истакнал важноста на соработката со Светска Банка, како и проектите кои се спроведуваат за енергетска ефикасност во јавниот сектор и унапредување на образованието, кои се дел од четиригодишна рамка за партнерство со Светска Банка, во вкупна вредност од 420 милиони долари.

Целта е насочена кон креирање конкурентна економија, инклузивен и одржлив раст на земјата.

„Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво. При тоа, Планот за забрзан економски раст, воспоставен минатата година усвоен од Владата, е добар патоказ за постигнување на нашите среднорочни цели и истиот е позитивно оценет и од Групацијата на Светска Банка“, посочил Ковачевски на средбата.

Ковачевски и Бјерде дискутирале и за важноста од имплементација на зелената агенда, дигитализацијата, иновациите и технологијата, развојот на човечкиот капитал и подобрувањето на инфраструктурата.

Светската Банка во Република Северна Македонија активно работи на повеќе проекти. Нивната реализација и забрзувањето на динамиката на дел од нив, исто така, била тема на состанокот.
Меѓу нив се Проектот за надградба и развој на патиштата, воспоставувањето Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии, Проектот за поврзување локални патишта, Проектот за администрација за социјално осигурување, Проектот за подобрување на основното образование, Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, како и Проектот за одговор при итни случаи за Ковид-19.