Сакаш левата града да остане кај неа, а десната кај тебе: Маж барал сопругата да му ги врати силиконите за кои платил

Сакаш левата града да остане кај неа, а десната кај тебе: Маж барал сопругата да му ги врати силиконите за кои платил

пред 2 години

Српската адвокатката Олга Турчиновиќ гостуваше во утринската програма на телевизија „Прва“ , па раскажа за еден од најнеобичните случаи поврзан со развод на сопружниците. Проблемот не е во сопственост на недвижен имот или вредни предмети, туку во силиконите на сопругата кој ѝ ги платил мажот.

dobivaj vesti na viber

„Имаше апсурдни ситуации во мојата професионална кариера. Еден од најапсурдните беше кога мојот клиент, во кој случај јас застапував маж, кој ми донесе сметка за вградување на силиконските гради на неговата сопруга како доказ дека тој платил за нив. Воопшто не можев да разберам дали мислеше дека тоа е нивна заедничка сопственост, па ние во некоја постапка ќе докажеме дека тоа е така. Не сакам да бидам невкусна во утринската програма. „Реков – не знам што сакаш, сакаш ли да бараме левата града да остане кај неа, а десната кај тебе? Морав да внесам трагикомедија во ситуацијата ако речеше – да, немаше да се нафатам, оти ова е сосема лудо“, изјави Олга Турчиновиќ.

На списокот со необични настани, адвокатката ја додаде и размената на правосмукалки меѓу поранешните сопружници на паркингот пред нотарската канцеларија, но и инсистирањето да се врати свршеничкиот прстен.

Спогодбениот развод е секако најдобриот начин да се разведете што е можно побрзо и поефикасно. Сопружниците се согласуваат за сите важни прашања за завршување на заедничкиот живот. Значи, меѓу другото, договорот мора да содржи писмен договор за поделба на заедничкиот имот.

Share
Scroll to Top