Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина наскоро треба да ги добие долгоочекуваните ракетни фрлачи со повеќе цевки, со дострел од над 100 километри.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ако тоа се случи, тоа ќе биде најмоќното оружје што Украина досега го добила од западните земји.
Според Подољак, Русија хистерично реагира на најавите дека САД ќе испратат модерни MLRS (multiple-rocket system) во Украина, додавајќи дека тоа е еден од најголемите стравови на Москва.
Овие системи имаат многу поголем дострел од кое било оружје кое моментно го има на располагање украинската армија.
За потсетување, „Вашингтон пост“ на крајот на минатата недела објави дека САД се подготвуваат да испратат MLRS во Украина, а конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Џо Бајден во текот на неделава.