Барселона има финансиски проблеми, ќе го купи ли Левандовски?

Барселона има финансиски проблеми, ќе го купи ли Левандовски?

пред 2 години

Барселона во овој момент не може да регистрира ниту еден нов договор во Ла Лига. Овој проблем се појавил откако клубот се договорил со Серхи Роберто за продолжување на соработката, но нема официјална објава на клупската интернет страница, токму поради фактот што не може да го регистрира.

Истото важи и за новите фудбалери кои треба да пристигнат како слободни агенти, а тоа се Андреас Кристинсен од Челси и Франк Кеси од Милан.

Барселона го најавува и доаѓањето на Роберт Левандовски, но очигледно дека тоа во моментот е далеку од реализација. Прво ќе треба од „Камп Ноу“ да заминат голем број фудбалери, дел од нив и со огромни финансиски договори, за да се ослободи место во буџетот.

Share
Scroll to Top