Ристова: На 20.000 тутунари ќе им бидат исплатени субвенции

пред 2 години

Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од група пратеници од пратеничката група на СДСМ. По четири месеци одолговлекување и инаетење на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно притисната од јавните критики за нивното неодговорно однесување учествуваше во гласањето на овие измени, изјави на денешната прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Таа додаде дека со измените на Законот им се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунопроизводителите кои не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни целата постапка и веднаш да ги добијат субвенциите кои им следуваат.

Со усвоените измени се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.

Ристова додаде дека веќе во следните денови започнува исплатата на субвенциите кон над 20.000 семејства во вкупен износ од една мијалрда и 300 милиони денари односно над 21 милион евра.

Овие средства се обезбедени уште на почетокот на годината и исплатата ќе започне штом законските измени се објават во Службен весник.

Како одговорна пратеничка група остануваме посветени на реализација на мерки што обезбедуваат помош за земјоделците и граѓаните за што полесно и побезболно справување со последиците од светската економска и енергетска криза, изјави Ристова.

Share
Scroll to Top