Судот ја прогласи за виновна авторката на романот „Како да си го убиеш сопругот“ оти навистина си го убила сопругот

Судот ја прогласи за виновна авторката на романот „Како да си го убиеш сопругот“ оти навистина си го убила сопругот

пред 2 години

Авторката на романот „Како да си го убиеш сопругот“, Ненси Крамптон-Брофи, е прогласена за виновна за убиство од втор степен  на сопругот Даниел. Таа го убила во јуни 2018 година, а дванаесет поротници за осум часа ја донеле одлуката дека е виновна, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Според обвинителите, писателката го убила нејзиниот сопруг за да ја наследи неговата полиса за животно осигурување од 1,4 милиони долари. Ненси, пак, ги отфрли обвинувањата и рече дека се нашла на снимката од местото на убиството додека барала инспирација за претстојниот роман, а потоа изјавила дека не се сеќава дека била таму.

Ненси неколку месеци пред да го убие сопругот купила пиштол, но на судењето рекла дека тој бил наменет само за истражување на романот и ги отфрли обвинувањата дека осигурувањето е мотив за убиството.

Даниел бил пронајден мртов во кујната на Кулинарскиот институт во Портланд, со прострелни рани во грбот и во градите. Неговата сопруга ја сподели веста за неговата смрт на Фејсбук еден ден подоцна.

Ненси Крамптон–Брофи е автор на љубовни романи кои самата ги објавила, а во 2011 година го објавила есејот во кој детално се опишуваат различните мотиви и начини на убиство на сопружникот.

Share
Scroll to Top