Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија

пред 2 години

Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека можеме да користиме американски повеќе ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние не планираме да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за Руската Федерација и ние само се бориме за својата територија“, рече Зеленски во интервју за американската телевизија Њузмакс.

Претседателот на Украина посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува Тас с.

Share
Scroll to Top