ВМРО-ДПМНЕ: Нов ценовен шок, поскапуваат основните прехранбени продукти зошто владата не ги продолжи мерките

пред 2 години

Од денес граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Од денес цените на производите на основните прехранбени продукти се поскапи затоа што Владата не го продолжи рокот на траење на одлуката за 0% ДДВ за основните прехранбени производи во време на огромно поскапување на цените и двоцифрена инфлација. Патем кај нас стапката на инфлација е една од највисоките во Европа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од денес дополнително поскапува лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца за најмалку 5%. Владата на СДСМ и ДУИ се занимаваше со измени на законот на игри на среќа, а не се сети да го заштити стандардот на граѓаните кој е во слободен пад.

Од партијата додаваат дека за кратко време сите основни потреби на граѓаните поскапеа од 50 до 100% и сега новото покачување уште повеќе ќе ги истенчи семејните буџети. Маслото за јадење е поскапено за 100%, исто колку и лебот, шеќерот и брашното. Народот гладува, а власта нема идеа и план што да направи. Платите се целосно обезвреднети. Тоа што можеше да се купи во месецот со една плата, сега не може ни со две плати да се покрие.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ослободување од ДДВ до 31 декември 2022 година на производите за човечка исхрана. Вака барем малку ќе им се помогне на семејствата во кризата која ескалираше поради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ.

Share
Scroll to Top