Сите патници кои сакаат да влезат во САД без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за Ковид-19, соопшти Белата куќа.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Ние постојано ги оценуваме нашите одлуки, но сегашните правила за тестирање остануваат на сила засега“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Според одлуката на американската влада, секој што ќе влезе во САД по воздушен пат мора да биде тестиран ден пред летот. Ова се однесува и на граѓаните на САД и на странските патници, без разлика дали се вакцинирани или не. Правилото не важи за оние кои неодамна прележале Ковид-19, доколку тоа можат да го докажат со потврда издадена од лекар или друга здравствена служба. Исто така, тестирањето не е задолжително за патниците кои летаат во САД, а според пресудата на федералниот суд, тие повеќе не мора да носат маски додека патуваат.
Правилата во меѓународниот авиосообраќај ќе се менуваат, само доколку здравствените и медицинските експерти проценат дека е потребно. Американските туристички компании се спротивставуваат на одлуката на владата и бараат укинување на задолжителното тестирање за целосно вакцинирани патници во авионите.
Авиокомпании, аеродроми, синџири на хотели и други претставници на американската туристичка индустрија минатиот месец испратија писмо до Белата куќа во кое предупредуваат дека рестриктивната мерка ќе предизвика значителни економски загуби. Во писмото се посочува и дека задолжителното тестирање не е во сила кога станува збор за копнените граници на САД со Канада и Мексико.