Бразилската фудбалска легенда Пеле (81) јавно го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Запрете ја инвазијата. Нема оправдување за продолжување на насилството“, му порача тој на Путин во писмо објавено на „Инстаграм“.
„Кога се сретнавме во минатото и разменивме насмевки со долго ракување, не можев да замислам дека еден ден ќе бидеме разделени како што сме сега“, напиша Пеле.
„Моќта да се стави крај на овој конфликт е во ваши раце. Истите раце со кои се ракував во Москва кога последен пат се сретнавме во 2017 година“, објави Пеле.