Конашенков: Повеќето платеници во Украина се елиминирани

пред 2 години

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостатокот на искуство.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа на воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слабата обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гардата, во чии состав имало платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штеделе странците“, рече Конашенков, а пренесува „Спутник“.

Тој изјави дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај.

Конашенков додаде дека руските воздушни-вселенски сили погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните „Кракен“ и „Азов“ во областа Харков.

Share
Scroll to Top