Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија во моментот контролира 20 отсто од територијата на Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбено подготвени руски воени формации се вклучени во оваа агресија“, рече Зеленски во видео обраќање пред Парламентот на Луксембург, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Тој додаде дека линијата на фронтот се протега на повеќе од 1.000 километри.