(Видео) Томовски: Владата заработува на грбот на народот кој осиромашува

пред 2 години

Ценовниот шок предизвикан од неспособната влада значи сиромаштија за граѓаните. Фрапантно е одбивањето на владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за замрзнување на цените на основните производи до крајот на оваа година и помошта околу намалување на цената на горивата преку откажување на владата од дел од акцизата.Тоа значи дека владата заработува на грбот на граѓаните додека народот се осиромашува. Прашањето е каде одат парите кои се земаат од граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Одговорот може да го добиеме и од последниот ребаланс на буџетот каде се зголемуваат непродуктивните трошења, удобноста на министрите, луксузирањето, додека народот живее на рати.

Томовски истакна дека бројките говорат дека владата е воен и кризен профитер. Приходите од акцизи за првите 4 месеци се зголемени за 12 милиони евра во однос на лани, при што само во март има зголемување од 7,7 милиони евра. Ова е повеќе од доволен доказ дека мерката која ја донесоа прво е задоцнета, за потсетување дека ние баравме да дојде до намалување и второ има простор да се намали уште повеќе што и предлагаме да се намали.

Расходите на владата се зголемени за 360 милиони евра, а прашањето е што се изгради со овие пари. Одговорот е многу јасен, ништо. Парите одат за матни и сомнителни тендери и во приватни џебови.

Нема пари за земјоделците, но со ребалансот на буџетот има пари за сомнителни невладини организации. Трансферот до невладините организации расте од 741 милиони денари на 821 милиони денари.

Народот нема ни за леб, а непродуктивните трошења, министерските плати и парите за невладини организации се зголемуваат. Ова говори дека оваа влада мора да си оди, а единствен излез се изборите, изјави Томовски.

Share
Scroll to Top