Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател и бизнисмен Доналд Трамп, но и негова десна рака, не се појавува често во јавноста. Неодамна е уловена од папараците на улиците на Мајами, како оди на романтична вечера со сопругот Џаред Кушнер. Иванка е позната како дама со префинет вкус, а и овој пат не ги разочара љубителите на модата. 40-годишна девојка избра многу едноставно издание со елеганција и софистицираност.
Иванка беше облечена во краток жолт фустан, а оваа софистицирана креација ја красеше тенок бел ремен околу половината и големи џебови на предната страна. Комбинацијата ја надополнила со бели сандали со ремчиња на ниска потпетица и торбичка со принт од Мајами во форма на книга, потпишана од брендот Olympia Le-Tan чија цена изнесува 1.180 долари.