Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во последните години на иницијатива на Американците „кои активно манипулираат со цариградскиот патријарх, тие работат на уништување на православието“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Знаете какви деструктивни активности беа преземени во Украина во однос на Украинската православна црква. Создадена е квази структура наречена Православна црква на Украина. Тие се обидуваат да ги распарчат Сириската и Српската православна црква“, рече Лавров, пренесе Спутник.
Рускиот министер за надворешни работи наведува дека дел од сегашниот курс на Западот е насочен кон поткопување на се што е поврзано со Русија, Словените и православието.