Австрискиот канцелар за Украина: Емоциите треба да се отстранат, брзиот пристап во ЕУ не е реален

пред 2 години

Австрискиот канцелар Карл Нехамер повика на воспоставување средна фаза меѓу соработката и полноправното членство во Европската унија за земји како Украина и Молдавија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Таканаречениот „подготвителен простор“ ќе им овозможи на земјите да ги исполнат стандардите на Европската унија, кои би биле слични на Европската економска зона (ЕЕА) или Европскиот договор за слободна трговија (ЕФТА), рече Нехамер.

– Нè обединува иста цел, сите сакаме силна, независна и економски успешна Украина – се вели во соопштението на Нехамер. Украина во моментов се бори за својот политички и територијален опстанок. Сите наши напори првенствено се насочени кон ставање крај на руската агресивна војна. Во таква фаза и онака брзиот пристап во Унијата не може да биде горлив проблем – додаде тој.

Нехамер рече дека емоциите мора да се отстранат од актуелната дебата за членството на Украина во ЕУ, додавајќи дека брзиот пристап на Украина „не е реален“. „Треба да создадеме европски подготвителен простор кој ќе овозможи чекор по чекор зајакнување на соработката со ЕУ и подобро прилагодување кон европските стандарди“, рече Нехамер.

Австрија со децении следеше сличен пат како членка на ЕФТА пред да влезе во ЕУ во 1995 година, рече австрискиот канцелар. Украина има многу „специјални решенија“ и посебни модели за интеграција во Европската унија, изјави минатиот месец украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, додавајќи дека неговата земја сака полноправно членство во Унијата.

Нехамер, исто така, рече дека ја поддржува идејата на францускиот претседател Емануел Макрон да воспостави „европска политичка заедница“ со земјите кои се стремат да се приклучат или поблиски врски со ЕУ, а притоа да се придржуваат до европските вредности.

Киев изрази загриженост дека таквата заедница може да се искористи како алтернатива за членството, пренесе Аваз.ба.

Share
Scroll to Top