Сузана Турунџиева: Место да кукате, дојдете во ходниците на онкологија и ќе сфатите дека треба да викате фала на сѐ што имате

Сузана Турунџиева: Место да кукате, дојдете во ходниците на онкологија и ќе сфатите дека треба да викате фала на сѐ што имате

пред 2 години

Сузана Турунџиева, која и самата го изгуби својот брат а потоа и сопругот Маријан, објави статус на  Фејсбук во кој ја означи пејачката Јулија Мациевска, сочуствувајќи со нејзината болка и тага по изгубaта на Андријана Мациев.

dobivaj vesti na viber

Турунџиева има им се обрати на сите оние кои имаат негативен став кон животот, и сметаат дека истиот кон нив е не-фер, и дека се баксузи или малери.

„Ако често пати сте незадоволни од вашиот живот, мислите дека тој е неправеден, нефер, и дека баш вие сте невиден баксуз, малер, а сите други се посреќни од вас, ви предлагам барем 2 пати во годината да отидете и да прошетате низ ходниците во клиниката за онкологија, па откако ќе излезете од таму да знаете зошто треба секојдневно да се заблагодарувате за се што имате, наместо да кукате за она што го немате.

п с. Прекрасната Андријана Мациев, која немаше среќа да ја победи битката со опаката болест стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците за кои ви зборував“, вели Сузана.

Share
Scroll to Top