Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во Рафиња ја гледа најсоодветната замена за Садио Мане, тврдат британските медиуми. Сенегалецот речиси сигурно ќе си замине и најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен, а Ливерпул ја бара неговата замена.
За интересот на „црвените“ кон крилниот напаѓач на Лидс Јунајтед се зборува уште од зимата, а по веста за заминувањето на Мане, желбата на Клоп да го привлече Бразилецот е уште поголема.
Лидс Јунајтед бара меѓу отштета од 60 милиони фунти за Рафиња, за кого исто така е заинтересирана и Барселона.