Наместо во аквапаркот, концертот на Цеца и Анастасија ќе се одржи на стадионот во Пробиштип

Наместо во аквапаркот, концертот на Цеца и Анастасија ќе се одржи на стадионот во Пробиштип

пред 2 години

Концертот на Цеца и Анастасија Ражнатовиќ на 11 јуни, наместо во аквапаркот во Пробиштип, ќе се одржи на градскиот стадион, соопштија организаторите. Тие велат дека поради голем интерес на публиката, решиле да ја сменат локацијата.

dobivaj vesti na viber

„Аквапаркот е претесен да ги собере сите обожаватели на Цеца и Анастасија. Затоа моравме да го преместиме концертот, интересот е преголем. Секој ден добиваме повици и резервации и од Србија и Бугарија“, велат тие.

Организаторите неодамна открија дека Цеца и Анастасија ќе дојдат во Македонија неколку дека порано, но не кажаа каде ќе престојуваат. Тие кажаа и дека двете пејачки немале големи барања, а во нивната гардероба треба да има сокови, студена вода, овошје и грицки.

Ова е прв заеднички концерт на Цеца и нејзината ќерка Анастасија. Тие до сега настапија заедно само лани, во новогодишно шоу за српска телевизија.

 

Share
Scroll to Top