Јутјубер обвинет дека без дозвола споделувал музика од Супер Марио

Јутјубер обвинет дека без дозвола споделувал музика од Супер Марио

пред 2 години

Јутјуберот Deoxys Pryme  добил повеќе од петстотини поплаки од Нинтендо за прекршување на авторските права, бидејќи на својот канал прикачувал музика од нивните игри. Од Нинтендо побараа тој веднаш да ја отстрани музиката од каналот.

dobivaj vesti na viber

Нинтендо се однесува многу заштитнички кон она што го поседува во овој случај музиката. Друг Јутјубер пак бил принуден да ја отстрани нивната музика од својот канал. Пред околу половина година, Јутјубер со прекар GilvaSunner помина уште полошо, тој мораше да го затвори својот канал поради слична ситуација.

Иако Нинтендо ги поседува правата на музиката, никогаш немаше намера да ја објави јавно или комерцијализира. Од друга страна, споменатите јутјубери не ја продадоа таа музика, туку само ја објавија на своите канали, за бесплатно слушање. Со други зборови, ниту Нинтендо изгуби пари со ова, ниту Јутјуберите доби финансиска корист од тоа.

Share
Scroll to Top