Францускиот претседател Емануел Макрон изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија, со цел да се склучи билатерален договор. Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Скопје во Европската унија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.
Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Северна Македонија“, соопшти француското претседателство.
Пет земји во моментов се официјално кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција.
Во 2019 година, Макрон, заедно со уште две земји-членки, стави вето на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, сметајќи дека не се исполнети условите за проширување на ЕУ со овие две земји.