Русија нема да може да ги задржи силите и способностите на својата армија поради острите санкции што Западот и’ ги воведе поради нападот врз Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека санкциите се многу ефикасни и сo голем опсег, а ќе ја вратат руската економија децении назад.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Русија нема да може да учествува во светскиот напредок, во економскиот и техничкиот напредок. Тоа станува се појасно секој ден и тоа е сериозен проблем за Русија“, рече Шолц за време на прес-конференцијата во главниот град на Литванија со шефовите на балтичките држави. .
Шолц додаде дека дури и ако Русија го злоупотреби увозот на цивилна стока за воени цели, Москва нема да може да ги задржи своите воени капацитети на нивото на кое беа пред војната поради санкциите на Западот.