Цел Нант дојде да го испрати Кире во пензија

Цел Нант дојде да го испрати Кире во пензија

пред 4 години

Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров вчера се збогува од активното играње, а на прес конференцијата дојдоа сите од клубот Нант за да му оддадат чест.

dobivaj vesti na viber

По говорот кој го имаше Лазаров пред медиумите, играчите и стручниот штаб направија една заедничка фотографија во знак на почит за сè што тој направи за овој клуб и за градот. На конференцијата покрај играчите и стручниот штаб беше и семејството на Лазаров, а и неговиот брат Филип со семејството.

Поранешниот капитен на националната селекција, претходно преку Фејсбук откри дека конечно донел одлука да се пензионира, но дека ќе остане во спортот како селектор на македонската ракометна репрезентација. Во својата долга кариера тој играше за Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона и Нант. 25 години настапуваше за националниот тим со кој играше на тринаесет големи натпреварувања.

„Се надевам дека пак ќе поместуваме граници. Моето мото кое пак ќе ме води ќе биде ‘Секогаш на победа’“, напиша Кире во објавата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук Нант

 

Share
Scroll to Top