Полициски службеници од ОВР Неготино вчера ги лишиле од слобода Е.С. (28), С.С. (32) и М.С. (57), сите од село во Неготинско.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од МВР, полицијата постапила по пријава на 24-годишна жена, според која во дворот од семејната куќа, таа била физички нападната од сопругот, деверот и свекорот.
По целосно документирање на случајот против уапсените ќе бидат поднесени соодветни пријави.