Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

пред 2 години

Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, еден ден откако му беше одредена мерка притвор за подметнување пожар во кој изгоре влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој вчера попладне го напушти притворското одделение во битолскиот затвор и беше спроведен во неговиот дом, каде што ќе го издржува куќниот притвор.

dobivaj vesti na viber

Судскиот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи мерката со која му одреди осум дена притвор на Ламбе. Тој е обвинет за предизвикување општа опасност. Откако беше уапсен, Алабаковски го призна делото дека го потпалил бугарскиот клуб, па беше задржан во притвор.

Завчера во Битола се одржаа протести на кои се бараше ослободување на пејачот, а неколку адвокати претходно доброволно се пријавија да го бранат во судската постапка. Јавноста, пак, е со поделено мислење на инцидентот. Повеќето го поддржуваат, но има и такви кои ја осудија постапката на Алабаковски.

Share
Scroll to Top