Опра Винфри: Првиот милион што го заработив го потрошив на пешкири

Опра Винфри: Првиот милион што го заработив го потрошив на пешкири

пред 2 години

Американската водителка Опра Винфри на своите обожаватели на јутјуб-каналот O, The Oprah
Magazine, им откри дека нејзиниот прв заработен милион долари ги потрошила на скапи и меки пешкири. Опра изјавила дека сака многу големи и квалитетни пешкири во кои може целата да се замота.

dobivaj vesti na viber

„Прво го фотографирав чекот со милион долари. Сè уште ја чувам фотографијата, а потоа купив прекрасни меки пешкири. Сакам добри и големи пешкири. Купив десетина добри пешкири од брендот Ралф Лорен“, одговорила Опра на едно од прашањата на своите обожаватели.

Покрај пешкири, Опра вели дека дел од парите ги потрошила и на патување, а добар дел им ги подарила на блиските во семејството. Американската водителка изјавила дека имала сиромашно детство и дека пораснала во лоши услови. Таа била понижувана и исмевана, но тоа не ја спречило да стане личност каква што е денес, вели Опра.

Неодамна Опра искеширала 8 милиони долари за раскошен имот на остров кој го нарекла свој мал приватен рај. Вилата „Опра Винфри“ се наоѓа во Калифорнија и претставува една од најскапите куќи во соседството. Нејзината цена се проценува на 85 до 90 милиони долари.

 

Share
Scroll to Top