Во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ за воведување лични санкции на рускиот претседател Владимир Путин.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во указот, кој стапи на сила во четвртокот и беше објавен на веб-страницата на украинскиот претседател, се прецизираше дека на Путин му е забранет влез во Украина и дека му се укинати визите и блокиран целиот имот, без да се прецизира за кој имот се работи.
Сите руски министри, како и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се под санкции, кои беа одобрени од Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана.
Според директивата на Зеленски, 236 руски универзитети како и нивните лидери се под санкции.
Одговарајќи на прашањето за воведените санкции, министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров рече дека потезите на Киев не се вредни за коментирање.
– Мислам дека не вреди конкретен чекор од наша страна, нека си играат децата, а не да плачат – рече Лавров, пренесуваат медиумите.