Се чини дека Twitter работи на функцијата наречена „Search Subscribe“ која ќе им овозможи на корисниците да изберат да добиваат известувања за нови твитови, во зависност од пребарувањето.
Функцијата првпат беше забележана од еден дивелопер, a визуелно ќе постави икона на ѕвонче за известување на Twitter до полето за пребарување во апликацијата. Со притискање на ѕвончето, корисникот добива известувања за нови резултати.
Search Subscribe моментално се прикажува само во апликацијата Twitter Alpha, што значи дека нема гаранции дека функцијата сигурно ќе стане достапна во комерцијална употреба.
Како и да е, ова е интересна идеја и уште еден обид на Twitter да им олесни на корисниците да ја најдат содржината што им е потребна. Во овој момент, можете да добивате известувања за поединечни корисници или селективно да го исклучите звукот или да ги блокирате работите преку тастатурата.
Search Subscribe, доколку се имплементира правилно, може да биде корисно решение за да ги добиете точно информациите што ги барате.