ВМРО-ДПМНЕ: Барањата на Кирил Петков не смее да влезат во преговарачката рамка

пред 3 години

Бугарските и барањата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, во никој случај не смее да влезат во преговарачката рамка за членство во Европската Унија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според опозициската партија, доколку тоа се случи би било капитулација на Македонија и бришење на македонскиот идентитет, јазик и историја.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против и нема да прифати асимилација и бугаризација на Македонија и македонскиот народ преку хегемонистичките и радикални барања кои доаѓаат од бугарска страна.

Тоа што Петков го поставува како услов значи комплетно бришење на сè македонско пред 1944 година, односно прифаќање дека македонскиот народ, историја и јазик се дотогаш биле бугарски. Тоа е неприфатливо и недозволиво“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се предупредува власта да не прифати таква, како што се вели, капитулација и да ги понижи националните интереси и македонското достоинство.

„Тоа што е единствено прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ се бришење на таа срамна резолуција која ја гласаше бугарскиот парламент, како и гаранции дека нема повеќе да нè блокираат.

Бугарија мора да ни гарантира дека нема да има повеќе нови барања и дека повеќе нема да го кочи македонскиот пат кон Европската Унија, односно дека нема повеќе отворени прашања со Македонија исто како што ние во 2008 година им гарантиравме дека немаме отворени прашања“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.