post-image

Најзабавните комедии што ќе ви го поправат расположението

пред 2 години

Животот ретко кога поминува без грижи, па често забораваме како да си приредиме  ситни уживања. Без оглед на тековните проблеми, важно е да најдете време повторно да ги наполните батериите и да бидете малку сами со себе. А забавните филмови, во кои романтиката се испреплетува со хуморот, ќе придонесе лошото расположение да исчезне за час.

Токму затоа Репортер ви нуди избор на комедии што ќе ви помогнат да се опуштите и ќе ја разубавите слободната вечер.

1. Љубов на велосипеди (Tout le monde debout aka Rolling to You, 2018)

  • Оценка на IMDb – 6,5.

Тој е успешен бизнисмен, но себичен и неискрен, подготвен на сѐ само да им го заврти паметот на жените. Во една прилика се одлучува да заведе една млада и убава девојка, преправајќи се дека е инвалид, но таа го запознава со својата сестра Флоренс, која веќе ја живее таквата судбина.

Оваа романтична комедија ќе ви ја врати вербата во љубовта и моќта на Купидоновата стрела.

2. Мојата слепа средба со животот (Mein Blind Date mit dem Leben, 2017)

  • Оценка на IMDb – 7.1

Имавте лош ден на работа? Можеби сѐ уште не знаете што се вистински проблеми!

Ова е вистинска приказна за еден млад дечко кој е одличен ученик и надеж на своето семејство, но во голема мера го губи својот вид и одбива да ги прифатите советите од тие кои му советуваат дека треба да се помири со фактот дека слабовидноста му ги ограничува можностите и желбите. Неговиот сон, всушност, е да работи во првокласен хотел.

Одлучен и крајно упорен, тој успева да ги надмине сите очекувања, но изненадната љубов ќе ги наруши неговите планови. Во оваа комедија има многу моменти кои ќе ве натераат да се замислите, насмеете и да сфатите колку животот е всушност убав.

3. Џони Инглиш повторно во акција (Johnny English Strikes Again, 2018)

  • Оценка на IMDb – 6.2

Агентот на тајната служба на Нејзиното Височество се повлекол од служба и сега мора да ужива во задоволствата кои ги нуди обичниот живот. Но, еден ден, невидена катастрофа го погодува целиот систем  па моќниот противник го открива идентитетот на сите активни тајни агенти на Велика Британија.

За среќа, тој нема поим за Џони Инглиш, па така тајната служба може да се потпре единствено на него.

Ако порано со задоволство сте ги гледале авантурите на овој шпион, тогаш сигурно и овие нови авантури добро ќе ве забавуваат.

4. Мама миа! Еве нѐ пак! (Mamma Mia! Here We Go Again, 2018)

  • Оценка на IMDb – 6.8

Десет години после филмот Mama Mia! каде ја гледавме Софи како без знаење на мајка си, ги кани своите три потенцијални татковци на сопствената свадба, повторно се враќаме на грчкиот остров Калокери.

Секако повторно ги следиме новите случувања преку музиката на популарната група ABBA и оригиналните танчарски точки, збогатени со богатиот колорит на пејсажи и костуми.

Исто така дознаваме што е она што ја донело мајка ѝ на овој волшебен остров многу одамна. Доколку освен смеење, сакате и да пеете додека гледате комедии, па дури и да заиграте, тогаш овој филм е она што ви треба.

5. Извини што ти додевам (Sorry to Bother You, 2018)

  • Оценка на IMDb – 7.0

На Касијас навистина му е потребна работа и некако успева да се вработи во компанијата за телемаркетинг. Се чини дека сѐ е јасно: се јавува, ја понудува робата и ја продава. Меѓутоа, штом клиентите ќе слушнат дека е црнец, му ја спуштаат слушалката!

Тогаш колегата го советува да се претстави како белец. Што може да изгуби? Тој тоа и го прави! И така го открива магичниот клуч на успехот, кој му гарантира неверојатен деловен успех.

Оваа комедија-фантазија нѐ потсетува дека потешкотиите постојат за да бидат совладани.

6. Еден профил за двајца (Un profil pour deux aka Mr. Stein Goes Online, 2017)

  • Оценка на IMDb – 6.4

Што се случува кога еден 75-годишен старец ги открива сајтовите за запознавање? Пјер проживеал долг живот, но срцето му останало младо. Користејќи на сликата на Алекс, дечко на нејзината внука, ја запознава Флора и тогаш овој стар господин сфаќа дека виртуелниот свет му дава шанса да се врати во својата младост. А зошто да не?

Овој пријатен, лирски, понекогаш неочекуван и пред сѐ забавен филм, со Пјер Ришар во главната улога, сигурно ќе ви ги разубави часовите одмор.

7. Семејна банда (Mes trésors aka Family Heist, 2017)

  • Оценка на IMDb – 5.5

Еден угледен господин ги повикува своите ќерки, кои сѐ уште не знаат дека се сестри, во планински хотел за својот роденден. На таткото воошто не му е лесно да се сноси со две возрасни убавици, но на нив им е уште потешко кога ќе сфатат дека нивниот татко е најголемиот комбинатор на сите времиња, кои смислил како да ги вовлече во својата нова голема авантура.

Оваа динамична и весела комедија ќе ве забавува со смешни ситуации, и како и секогаш, со сјајната глума на познатиот Жан Рено.

8. Семејство си е семејство (La ch’tite famille aka Family Is Family, 2018)

  • Оценка на IMDb – 5.8

Успешниот дизајнер Валентин се врти во највисоките кругови, вози брилијантен автомобил и живее во престижен кварт со својата девојка Констанс, со која подготвува заедничка изложба во Токио.

Списанијата го нарекуваат „неверојатно талентираното сираче“. Во меѓувреме, го запознаваме семејството на еден металски работник, кој изгледа знае доста за него.

Оваа лесна, а истовремено и филозофска комедија сигурно во вас ќе пробуди топли чувства.

9. Книжевен клуб (Book Club, 2018)

  • Оценка на IMDb – 6.3

Животот во пензија го замислуваме како мирно доба, придружено со разни патувања и прошетки со внуците. Можеби е навистина така, но длабоко во себе, многумина и понатака се чувствуваат млади.

Приказната, сместена во Калифронија, ги следи животите на четири угледни дами, кои во својот книжевен клуб одлучиле да го прочитаат сензационалниот роман „50 нијанси сиво“. Изгледа дека тоа не било само случајност, туку и знак од горе, која ќе им го промени животот.

Оваа комедија е навистина создадена за да ви го поправи расположението, затоа што со таквите пензионери навистина не може да биде досадно.

10. Мојот лажен маж (Overboard, 2018)

  • Оценка на IMDb – 5.9

Сигурно на некои од нас, уште кога сме ја гледале старата добра комедија „Преку палубата“ со Курт Расел и Голди Хон, ни паднало на памет – што би се случило доколку ситуацијата беше обратна?

Веројатно истата идеја ја добиле и авторите на оваа нова комедија, во која ексентричниот милионер паѓа од својата јахта. Овој пат, правилата на играта ги поставува една жена со три ќерки, и на која секаков вид помош добро би ѝ дошол.

11. Последен збор (The Last Word, 2017)

  • Оценка на IMDb – 6.6

Харијет е деловна жена која цврсто го контролира секој аспект од својот живот. За да  ја контролирала и сопствената смрт, таа се одлучува однапред да направи текст на идниот некролог. Строгата дама дури посакува и да го промени и сеќавањето и мислењето на луѓето за да создаде  совршена слика за себе.

Меѓутоа, младата новинарска Ен одбива да се држи до таа задача и настојува да ја открие  вистинатаза Харијет.

Ова е филм кој не само што ќе ве насмее, туку и ќе ве поттикне повторно да размислувате за животот – со еден сосема нов поглед кон минатото и сегашноста.

12. Статусот на Бред (Brad’s Status, 2017)

  • Оценка на IMDb – 6.7

Некогаш додека Бред бил студент сонувал за огромен успех и со другарите правел планови за животот. Меѓутоа, годините поминувале, а тој и понатаму е само еден обичен службеник. Многу поголеми успеси има во приватниот живот, затоа што тука се неговата сакана жена и паметниот син, кој се подготува за на колеџ.

Додека го води синот на разгледување на колеџи во Источниот Брег, Бред почнува да го преиспитува сопствениот животен статус.

Ова е семејна комична драма која ги третира соништата, реалноста и умешноста да се пронајде нешто добро во животот.

13. Кучешки денови (Dog Days, 2018)

  • Оценка на IMDb – 6.1

Веројатно повеќепати сте гледале филмови кои се состојат од романтични приказни. Приказната на оваа комедија се одвива во сончевиот Лос Анџелес, каде сите тие различни луѓе ја обединуваат љубовта спрема кучињата. А кучињата, како што и самите знаете, се вистински експерти за содавање интересни ситуации.

Оваа лесна и помалку наивна комедија и самата личи на едно добро милениче, кое сака само искрено да ве насмее со едно смешно движење на увото.

14. Осмо одделение (Eighth Grade, 2018)

  • Оценка на IMDb – 7.5.

Една интровертна тинејџерка настојува да ја преживее последната недела од основото училиште, која се претвора во вистинска катастрофа. Како и сите нејзини врсници, така и Кајла посакува да стане популарна. Затоа се обидува да ги изрази своите чувства на Јутуб, делејеќи разни совети, кои никому не му се потребни и кои дури ни на нејзе самата не ѝ помагаат да најде пријатели во реалниот живот.

Всушност, во реалноста таа е осамена затоа што живее со самохран татко и ги одржува контактите со своите пријатели во глобала преку друштвените мрежи.

Оваа комедија е вистинска животна приказна, која ви дава шанса повторно да се почувствувате како ученик и да се осврнете на тие проблеми со насмевка.

15. Венчавка на крајот на светот (Destination Wedding, 2018)

  • Оценка на IMDb – 6.3

Нема сомнеж дека долгиот статус на Кијану Ривс како „брилијантен младоженец“ ги инспирирал авторите на овој филм.

Грубиот ерген Френк е познат на една далечна венчавка, но на тој пат го прогонува една случајност, т.е. една жена, чиј пат почнува така што на чуден начин се вкрстува со неговиот. Дали тоа е страствена љубов или лукав план – времето ќе покаже.

Во овој романтичен филм, како и во животот, комедијата блиску се испреплетува со драмата, што значи дека нема да ви биде досадно, затоа што друштво на Ривс му прави неверојатната Винона Рајдер.

Share
Scroll to Top