Слободанка Тренчева креаторка на платформата „Терапија“ беше гостин на Самитот за Отворен Балкан во Охрид на пленарната сесија „Отворен Балкан отвора култура“.
„Терапија“ е култна платформа за клупска култура која промовира електронска музика преку создавање на простор за артисти и визуелни уметници.
Таа во обраќањето рече дека со оваа музичка платформа целта е да се поддржиме едни со други да се преиспита синџирот на вредности и да се изнајдат решенија, бидејќи во иднина можат да се појават повеќе предизвици како што е моменталната ситуација со пандемијата.
„Платформата „Терапија“ ја разбира актуелната глобална криза како почетна точка за неопходната социјална трансформација и како можност за пренесување на вредностите на солидарноста што се манифестираат се’ повеќе во нашите општетсва. Токму затоа, јасно се спротивставуваме на кои било политики на исклучување“, рече Тренчева.
Терапија е место кои ги вклучува луѓето од разновидни култури и идентитети, ја овозможува видливоста и гласовите на различните луѓе, критички преиспитува и развива дискусии, ги репрезентира и вреднува маргинализираните групи во нашето општество.
„Важноста на клупската музика можеби најмалку е во економска смисла. Таа поврзува и гради мостови кои политиката немилосрдно ги руши. Клупската култура е и субкултура на најразлични ентитети. А секоја умна држава инвестира ресурси од секаков тип во алтернативната клултура или субкултура. Нам како општество ни треба заедништво и солидарност, само така можеме да ги надминеме предизвиците со кои моментално се соочуваме. Уметноста и културата имаат голема моќ да го пренесат ова, да го доживеат ова чувство на заедништвото, да ги зближат луѓето и да се обединат за момент“, рече Тренчевска.